Кривична пријава за Теута Арифи од општина Тетово

Тетовскиот градоначалник – Биљал Касами вели дека општина Тетово поднела кривична пријава против екс-градоначалничка Теута Арифи поради еден предмет на експропријација..

Касами денеска објави дека Арифи направила штета на општинскиот буџет од 1 милион евра. Според тврдењата на актуелниот градски татко,  за предметот за имот чија експропријација била околу 50.000 евра не се реагирало навреме за да не се оштети буџетот затоа што, како што велат, не се пазарале со странката.

„Штетата што ја направија на тетовските даночни обврзници е непростлива. На пример, само во еден случај кога вредноста на експропријацијата била 3 милиони денари, сега каматата за оваа сума е 65 милиони денари. Инаку, овој случај датира од 80-тите години, а повторно бил активиран во 2015 година, за кој сите судски одлуки се позитивни. Се сомневаме дека претходното раководство намерно не го обжалило решението, за кое денеска општина Тетово плаќа камата и со тоа не само што се оштетува буџетот на општината, туку и на граѓаните“ вели Касами и бара од Јавното обвинителство да го истражи случајот, дали Арифи сторила злоупотреба на службената положба додека била градоначалничка на Тетово.