
Украина тврди дека Русија со дронови го нападнала украинскиот црноморски град Миколаев
Русија изминатата ноќ изврши напад со дронови врз украинското пристаниште Миколаев на Црното Море и го погоди рударскиот град Криви Рих во најголемиот напад со беспилотни летала врз тој град во војната, соопштија украинските власти.
Русија изминатата ноќ изврши напад со дронови врз украинското пристаниште Миколаев на Црното Море и го погоди рударскиот град Криви Рих во најголемиот напад со беспилотни летала врз тој град во војната, соопштија украинските власти.
Градоначалникот на Миколаев, Олександар Сенкевич изјави дека во градот утрово дошло до прекин на електричната енергија, по извештајот на регионалниот гувернер дека во текот на ноќта над регионот биле уништени седум дронови. Се уште не е јасно дали прекинот на струјата е превентива или резултат од синоќешниот напад на Миколаев.
Русија го нападна и централниот украински град Криви Рих, предизвикувајќи пожар а биле оштетени и згради, но нападот поминал без жртви, изјави шефот на воената управа на градот.
– Очигледно окупаторите вака „сакаат мир“, напиша на социјалните мрежи Олександр Вилкул, шеф на воената администрација, опишувајќи го како најголем напад со дронови врз градот во оваа војна.
Светските агенции нагласуваат дека извештаите од Миколаев и Криви Рих не можат независно да бидат потврдени.
Сè уште се нејасни размерите и целите на нападот во Криви Рих. Вилкул претходно соопшти за најмалку 15 експлозии низ Криви Рих, родниот град на претседателот Володимир Зеленски и честа цел на руски напади.
Сè уште нема коментар од Русија, но руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините единици за воздушна одбрана уништиле девет украински дронови во текот на ноќта, вклучително и два над Црното Море.