(Видео) Трилинг во Кочани – системската корупција ги уби младите
Пред камерата на Трилинг гневни и во немоќ, граѓаните зборуваат за несреќата која одзема 59 животи. Соговорниците не се чувствуваат безбедни и сметаат дека корупцијата е главната причина за згаснувањето на младите животи.
Тажно и непрепознатливо е Кочани по трагедијата со пожарот што во неделата го разбуди градот. Полупразни улици, без посетители во кафулињата и рестораните. Го нема вообичаениот џагор во училишните дворови и во детските паркови.
Граѓаните мирно и достоинствено палат свеќи и носат цвеќе, оддавајќи им почит на жртвите во трагедијата.