(Вознемирувачко видео) „Кој дозволи таа шупа дискотека да се нарекува?“ – вели Благојчо Ѓорѓиев
Низ солзи, кочанчанецот Благојчо Ѓорѓиев од здружението „Хендикеп“ раскажува дека порано негови луѓе го обезбедувале објектот во Кочани, каде што утрово загинаа најмалку 51 лице. Тој истакна дека изолацијата била направена од најевините материјали и дека не му е јасно како таа шупа станала дискотека.

„Душата ме боли, две години мои луѓе ја обезбедуваа дискотеката. Газдата е едно парољупче, не постои таков друг што сака толку пари. Јас колку што знам, дискотеката внатре е целата излепена со најевтина изолација, со сунгер! Јас бев присутен додека се правеше! За тоа ќе ме пакуваат некои, зашто јас зборувам. Ајде спакувајте ме, спакувавте 60 фамилии, само во кочанската болница до сега има 63 луѓе, деца по 15, 16 години. Јас му викав алоооо, деца по 15 години влегуваат во дискотеката, тој вели ако, карти да земеме. Сега земавте ли карти? Кој даде дозвола таа шупа дискотека да се направи? Кој направи контрола? Лично јас имам пријавувано дека таму има куп малолетници, и после сум ретардидан, лош, зборувам против сите. Зборувам против системот“, рече Георгиев.