Кос: На Србија и треба договор за реформите на патот кон ЕУ

Според српската полиција, на протестот наречен „15. за 15“ учествувале околу 107.000 илјади луѓе, според воената служба околу 88.000, а додека според Архивот на јавни собири, бројот на учесници на протестот се движел меѓу 275.000 и 325.000 лица.

По вчерашниот протест во Белград еврокомесарката за проширување Марта Кос упати апел за постигнување на договор за спроведување на реформите неопходни за напредок на Србија на европскиот пат.

– Невиден број српски граѓани мирно демонстрираа во Белград, повикувајќи на владеење на правото и силни и одговорни демократски институции. Им благодарам на сите што се погрижија за нивната безбедност, наведе Кос во објава на Икс.

Според неа, сега „треба да следи договор за реформите, кои се неопходни за патот на Србија кон ЕУ“.

Десетици илјади луѓе вчера учествува во досега најмасовниот протест во Србија за барање одговорност за загинувањето на 15 луѓе при уривање на настрешница на железничка станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година. Според српската полиција, на протестот наречен „15. за 15“ учествувале околу 107.000 илјади луѓе, според воената служба околу 88.000, а додека според Архивот на јавни собири, бројот на учесници на протестот се движел меѓу 275.000 и 325.000 лица.