(Видео) Сиљановска Давкова: Не можам да поверувам како е можно ова да се случи

„Што можам да споделам? Надеж, потоа болката, млади луѓе се тоа, треба да ги охрабри дека ќе се спасат. Голема трагедија, не можам да поверувам како се случило, според првите информации пиротехника. Ова е нешто кое морало однапред да се предвиди“, рече Сиљановска Давкова.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се огласи по повод страшната трагедија во Кочани, во која животот го загубија најмалку 51 лице според официјалните информации од МВР.

Давкова беше во посета на повредените во градската болница „Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје, и потоа даде изјава за медиумите.

„Што можам да споделам? Надеж, потоа болката, млади луѓе се тоа, треба да ги охрабри дека ќе се спасат. Голема трагедија, не можам да поверувам како се случило, според првите информации пиротехника. Ова е нешто кое морало однапред да се предвиди“, рече Сиљановска-Давкова.