Во Клинички во Скопје е истакнат список со повредени – голем дел се во тешка состојба

Со фотографии и оставени телефонски броеви, роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Над 16 фотографии се објавуваат по социјалните мрежи со надеж дека некој ќе им јави во која болница се и дали се живи.

Заради сензитивноста „Трилинг“ нема да ги објави фотографиите.

Во Клиничкиот центар во Скопје е истакнат список со повредени, а голем дел се во тешка состојба.

Осумнаесет лица се на лекување на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, осум се на Клиниката за анестезија КАРИЛ, 4 се на Детска интензивна нега, 2 се на Клиниката за неврохирургија и едно лице е на Клиниката за неврохирургија, велат од Министерството за здравство.

Повредените се префрлени во болниците во Кочани и Штип. На Клиника за хируршки болести „Наум Охридски“ во Скопје досега има донесено 27 повредени и сите се во тек на обработка.