
Вучиќ: Ја разбравме пораката, ќе мораме да се промениме – тракторите спречија крвопролевање
-Оштетени се повеќе од 100 трактори. Да не беа тракторите ќе беше тешко да се спречи крвопролевањето. Тракторите се таму за да го запрат бранот, гужвата, да спречат конфликт со децата во паркот Пионир – рече Вучиќ, додавајќи дека сите што учествувале во уништувањето на тракторите ќе бидат приведени.
Неколку десетици луѓе во алкохолизирана состојба ја напаѓаат полицијата, затоа ве доведовме овде, во Палатата Србија“, рече Вучиќ.
-Одржан е голем протест, со негативна енергија, гнев, а нема жртви или тешки повредени. Вкупно 44 лица се во Ургентниот центар, 11 во клиничката болница Звездара, едно во Земун, вкупно 56 лица, нема сериозни повреди – рече Вучиќ.
Како што рече, уапсени се 22 лица за кривични дела против имотот, напади врз полицајци и други лица.
-Три служби, од армијата која процени дека има 80.000 луѓе до полицијата која процени 108.000. Голем број луѓе пристигнаа од внатрешноста на земјата, изненадувачки голем број луѓе дојде од внатрешноста, и од север и од централна Србија – рече Вучиќ.
Тој додаде дека е особено горд на работата на полицијата.
-Оштетени се повеќе од 100 трактори. Да не беа тракторите ќе беше тешко да се спречи крвопролевањето. Тракторите се таму за да го запрат бранот, гужвата, да спречат конфликт со децата во паркот Пионир – рече Вучиќ, додавајќи дека сите што учествувале во уништувањето на тракторите ќе бидат приведени.
Вучиќ рече дека добро ја разбрале пораката и дека сите во владата мора да ја разберат пораката кога ќе се соберат толку многу луѓе. „Ќе мораме да се промениме и да научиме многу“.
Сепак, тој рече дека граѓаните на Србија не сакаат „обоени револуции“ или насилство и дека сакаат да ја сменат власта на избори.
Порача дека „Србија победи денеска“ и дека „успеале да го зачуваат мирот“, и дека морале да се справат со „голем дел од она што се крие зад сè“.
Тој рече и дека мислат дека постои т.н „мал стан“ во центарот на градот, каде што членовите на криминална група, која нема врски со политичари или студенти, криеле оружје.