
(Во живо) Започнува протестот-стотици илјади граѓани излезени по улиците на Белград
Студентите во блокада се собираат на четири локации – Плоштадот на Републиката, Автокоманда, булеварот Крал Александар и кај кружниот тек кај општина Нов Белград, каде има и група земјоделци со трактори. Демонстрантите најавија дека оттаму во колони ќе се упатат кон центарот на градот и додека траеја собирањата и подготовките – прават голема врева, скандираат „Пумпај“, свират и вувузели, носат српски знамиња и бројни транспаренти – „Барањата не се исполнети“, „Нашето лице е чисто, а вашето“.
Во Белград студентите во блокада почнаа да се собираат на неколку места во градот пред протестот закажан за денеска во 16 часот. Првично беше закажан голем протест – 15-за-15 – пред Народното собрание во Белград но, студентите на ЕТФ најавија дека локацијата се менува од безбедносни причини и дека ќе биде кај Славија. Во меѓувреме пристигна одлука – протестот сепак ќе биде пред Собранието, но дека бина ќе биде поставена и кај Славија.
Студентите во блокада се собираат на четири локации – Плоштадот на Републиката, Автокоманда, булеварот Крал Александар и кај кружниот тек кај општина Нов Белград, каде има и група земјоделци со трактори. Демонстрантите најавија дека оттаму во колони ќе се упатат кон центарот на градот и додека траеја собирањата и подготовките – прават голема врева, скандираат „Пумпај“, свират и вувузели, носат српски знамиња и бројни транспаренти – „Барањата не се исполнети“, „Нашето лице е чисто, а вашето“.
„Трилинг“ преку два различни извори ви ја пренесува атмосферата од Белград.