
Саем на традиционална македонска храна „Дојди, пробај, уживај!“
Во Скопје Сити Мол денеска од 10:00 до 19:00 часот ќе се одржува Саем на македонска традиционална храна „Дојди, пробај, уживај!“.
Во Скопје Сити Мол денеска од 10:00 до 19:00 часот ќе се одржува Саем на македонска традиционална храна „Дојди, пробај, уживај!“.
Саемот е организиран од Националната федерација на фармери (НФФ) и Скопје Сити Мол и е дел од манифестацијата „City Bazar“. Поддржан е од Шведска и организацијата „We Effect“ преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“.
Според организаторот, се работи за уникатен гастрономски настан што ги слави автентичните вкусови на нашата држава и ја истакнува вредноста на локалното производство. Саемот е и платформа за поддршка на малите земјоделци, порака за значењето на локалната храна, но и можност за поквалитетен и поодржлив начин на исхрана.
– Ако сте љубител на добрата храна, ова е вистинската прилика да уживате во домашно подготвени специјалитети: лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, макала, преработки од зеленчук и овошје. Откријте ги богатите ароми и тајните рецепти кои нашите рурални заедници ги негуваат со генерации!, наведуваат од НФФ.