Гутереш: Без слобода на печатот нема демократски општества

Пред утрешниот 3. Мај – Светски ден на слободата на медиумите генералниот секретар на ОН – Антонио Гутереш рече дека „без слобода на печатот, нема вистински демократски општества, и без слобода на печатот – нема слобода“. Тој укажа дека „заканите на новинарите растат секој ден“.

„За време на пандемијата, многу медиумски работници беа на „првата линија“, обезбедувајќи точно, научно засновано известување за информирање на носителите на одлуки и спасување животи“ рече тој.

Според Гутереш, „заканите за слободата на новинарите и медиумските работници растат од ден на ден“.

„Од глобалното здравје до климатската криза, корупцијата и кршењето на човековите права, тие се соочуваат со зголемена политизација на нивната работа и обиди да ги замолчат од неколку страни“ – смета Гутереш.