Укинати се сите ограничувања за влез во Хрватска

И во Хрватска се укинати сите ограничувања за влез во земјата кои беа воведени поради пандемијата, потврдија денеска од тамошното Министерството за внатрешни работи.

Дозволен е влез во земјата со уважување на условите кои беа важечки пред епидемијата на Ковид-19, односно условите пропишани со Законот за шенген граници, Законот за странци и други, (без задоволување на епидемилошките услови), се наведува во соопштението.

Последната важечка одлука за ограничени гранични премини важеше до 30. април и истата не беше продолжена.