Министри за енергетика на ЕУ на состанок поради рускиот прекин на испорака на гас
На специјален состанок во Брисел денеска министрите за енергетика на Европската Унија ќе разговараат за одлуката на Русија да ја прекине испораката на гас за Полска и Бугарија. Според информациите, разговорите се со фокус на тоа како најдобро да се обезбеди европската енергетска безбедност додека се зголемува притисокот да се најдат алтернативни залихи.
Русија во средата ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија, откако двете земји одбија да ја прифатат новата шема за плаќање што ја бараше Москва.
Официјални Софија и Варшава нагласија дека ги исполниле сите договорни обврски. Сега откако е прекината испораката за овие две земји тие добиваат гас од своите соседи.
Дел од лидерите на ЕУ оваа одлука на Русија ја опишаа како „уцена“.