Разузнавачката служба во Украина објави дека откриени се руски шпиони во нивната армија.
„Еден од шпионите бил дури и вработен во главниот штаб на украинската армија“ – изјави Олексиј Арестович, советник на претседателот Володимир Зеленски.
Тој не откри детали за тоа колку шпиони има во синџирот, но наведе дека групата „Требало да соборат патнички авион над Русија или Белорусија и да ја обвинат Украина“.
Арестович додаде дека за планот требало да се користат противвоздушни ракети од украински резерви.