Министерот за надворешни работи на Русија – Сергеј Лавров порача дека Киев ги саботира преговорите со Русија и дека не сака договор.
„Слушнав како Зеленски изјави дека на преговорите нема да разговараме за демилитаризација и денацификација на Украина. Прво, тие ги саботираат преговорите како и договорите од Минск веќе 8 години“ – посочи Лавров.
Шефот на руската дипломатија запрашан како е можно да зборува за денацификација на држава чиј претседател е Евреин вели:.
„Па што ако Зеленски е Евреин? Тој факт не го негира постоењето на нацистички елементи во Украина. Хитлер исто така имал еврејска крв. Некои од најлошите антисемити се токму Евреи“ – смета Лавров.
На прашање дали Русија планира симболично да објави крај на воените активности на 9. Мај – Денот на победата над фашизмот, Лавров рече дека за тоа не се размислува.