Работнички протести низ светот, во Истанбул маршот беше спречен!

Пораки за еднаквост и почитување на работничките права ширум светот – така се одбележа 1. Мај, Денот на трудот.

Синдикалци во сите поголемите градови маршираа барајќи подобри услови за работа и повисоки примања, но единствено во Истанбул властите повторно оневозможија работничките движења да се соберат на плоштадот „Таксим“.

Најмасовно во светски рамки беше во Сеул. Лидерот на синдикалците упати порака до новоизбраниот претседател Јун Сук, кој застапува потврди ставови за комунистичката Северна Кореја.

Голем број работници се собраа и на плоштадот „Синтагма“ во Атина, каде синдикалците се солидаризираа со вработените во пристаништата, кои беа меѓу најпогодените во корона-кризата.

Се протестираше и во Тирана. Работниците бараа повисоки плати и подобри услови за работа.