Се евакуираат цивили од „Азовстал“

Се евакуираат повеќе луѓе заробени во големата фабрика за челик „Азовстал“ во украинскиот град Мариупол.

Информаците се дека група од околу 20 жени и деца успеале да заминат поради локалниот прекин на огнот.

„Ги вадиме цивилите од урнатините во фабриката со јажиња – тоа се постарите, жените и децата“ – велат украинските власти.

Местото кое е целосно опкружено со руски војници е последното засолниште на украинските војници и цивили.

Разговорите поддржани од ОН се одржуваат во последниве денови по неколку неуспешни обиди да се создадат безбедни коридори, при што Украина ја обвини Русија за континуираното гранатирање.

Градоначалникот на Мариупол – Вадим Бојченко изјави дека околу 1.000 цивили останале во фабриката за челик, а 600 од нив биле повредени.

Претседателот Зеленски рече дека Украина прави се што може за да организира понатамошна евакуација на цивилите од „Азовстал“. Тој рече дека Русија собира дополнителни сили за нови напади на истокот.