Штајнмаер: Однесувањето на Трамп со Зеленски ме остави без зборови
Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп во караницата со украинскиот претседател Володомир Зеленски. Тој рече дека однесувањето на Трамп го „оставило без зборови“.

„Дипломатијата пропаѓа кога партнерите се омаловажуваат меѓусебно, пред очите на светот“, рече Штајнмаер.
„Сцената во Белата куќа ме остави без текст. Не мислев дека ќе мораме некогаш да ја браниме од Украина од САД“, изјави германскиот претседател.
Штајнмајер додаде дека Европа останува приврзана кон слободата, демократијата и владеењето на правото.
„Мора да спречиме Украина да биде принудена да прифати да биде во потчинета улога“, вели Штајнмајер.