На над 1,1 милиони жители во земјава мајчин јазик им е македонскиот

Државниот завод за статистика презентира подробно дел од податоците поврзани со последниот попис на населението.

Според нив, македонскиот е мајчин јазик за 1.127.394 постојани жители на Македонија од вкупното резидентно население кое изнесува 1.836.713 луѓе.

На второ место е албанскиот кој е мајчин јазик за 447.001 жители, додека како трет јазик според застапеноста е турскиот, кој е мајчин јазик за 62.723 жители на Македонија.

Бугарски јазик дома зборуваат 762 лица.

Ромскиот јазик е мајчин јазик на 31.721 жители.

На пописот по административен пат се собрани податоци за 132.260, односно толку лица не се теренски попишани и за нив не се изнесени податоци во поглед на јазикот. Нивните основни податоци се добиени од базата на податоци на повеќе државни институции.

Резидентното население во Македонија брои 1.836.713 жители, од кои  911.087 се мажи, а 925.626 се жени.

Македонскиот е мајчин јазик за 556.820 мажи и 570.574 жени, албанскиот за 222.777 мажи и  224.224 жени.