МНР на Русијa – Замрзнат е дијалогот за стабилност меѓу Москва и Вашингтон!

Владимир Јермаков – претставникот на руското Министерство за надворешни работи денеска изјави дека е замрзнат Дијалогот помеѓу Москва и Вашингтон за стратешка стабилност.

Јермаков, кој е вршител на должноста шеф на контролата за неширење на нуклеарното оружје, изјави дека тие контакти би можеле да бидат обновени кога ќе заврши руската „специјална воена операција“ во Украина.

„Распоредувањето на американски ракети со среден и краток дострел на европско тло и во азиско-пацифичкиот регион дополнително ќе ја ескалира кризната ситуација и ќе започне нова трка во вооружување“ рече тој.