Приврзаниците на Бериша одржуваат Национално собрание

Сали Бериша и неговите приврзаници во Конгресната палата во Тирана денеска одржуваат Национално собрание, на кое учествуваат 1.800 делегати.

Собирот е организиран од „Комисија за обнова на Демократска партија“, а треба да изберат нов состав на Национален совет, да изгласаат измени во статутот и да определат датум за избор на нов лидер на партијата.

Бериша беше дочекан со овации извикувајќи „Сали херој, тебе те сака цела Албанија“.

Делегатите упатија обвинувања на адреса на неодамнешниот лидер Љуљзим Баша, кого го сметаат за главен виновник за длабоката поделба во партијата, што го „правел во договор со Еди Рама“.

и повикаа на обединување, оценувајќи го денешниот собир како „ново поглавје кое има можност да стане историско“.