Столе Димитриевски: Подготвен беше трансферот во Барселона, но…
Македонскиот репрезентативен голман – Столе Димитриевски кој сезонава е одличен на голот на шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано пред неколку дена имаше брилијантна партија против екипата на Барселона.
Димитриевски во интервју за „mozzartsport.com“ открива како пропадна неговиот најавуван трансфер во клубот од Каталонија.
„Да ви кажам искрено, Сè беше готово, вториот голман на Барселона (Нето) требаше да го напушти клубот. Поради некоја причина, тој не сакаше да го напушти клубот, па поради тоа јас не се преселив. Од моја страна сè беше готово, сè договорено. Имам договор со Рајо до 2024 година, но како и секој играч би сакал да напредувам, да играм во подобар клуб. Па ќе видиме што ќе се случи на лето. Сега се чувствувам полн со сила, имам многу искуство и натпревари зад мене, мислам дека сега е вистинско време да одам во подобар тим, каде што би можел да напредувам, да направам нови успеси, можеби да се преселам во нова лига. Навистина сум подготвен за тој чекор напред“ – рече Димитриевски.