Екс – премиерот и поранешен министер за одбрана на Бугарија – Стефан Јанев на социјалните мрежи објави дека формира партија под називот „Бугарски подем“.
„Не е тајна дека Бугарија се наоѓа во длабока криза, која своите манифестации ги наоѓа во секоја сфера на општествено-економскиот живот“ – напиша Јанев.
Според него, Бугарија се соочува со демографска катастрофа, економијата не функционира целосно, општествениот систем е пред колапс, а здравството останува недостапно за многу бугарски граѓани.
„Образовниот систем е неефикасен и хаотичен“ – смета тој.
„Бугарски подем“ ќе биде основана на 5. мај годинава.