Животниот век при раѓање кај нас e 74,4 години – во ЕУ изнесува 80,4 години

Македонија има најголемо намалување на животниот век во споредба со сите земји од  регионот. За разлика од 2019 година кога тој изнесувал 76,6 години, сега е намален за 2,2 години – изнесува 74,4 години, покажуваат податоците на Евростат.

Очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ во 2020 година изнесува 80,4 години, што е за 0,9 години пониско споредено со претходната 2019 година.

Највисок очекуван животен век на ниво во ЕУ при раѓање имаат жителите на Норвешка – 83,3, Исланд и Швајцарија – по 83,1 години, додека најмал Бугарија – 73,6 години и Романија – 74,2 години.

Во земјите од регионот најголем очекуван животен век при раѓање имаат Грција – 81,4 години, потоа следи Хрватска – 77,8, Албанија – 77,4, Црна Гора – 75,9, Србија – 74,5, Северна Македонија – 74,4 и Бугарија – 73,6 години.

Според податоците на Евростат, на ниво на ЕУ жените имаат за 5,7 години повисок очекуван животен век (83,2 години) отколку мажите (77,5 години),

Во 2020 година региони со највисок очекуван животен век при раѓање се во Франција – Корзика (84 години), Шпанија – Балеарските Осторви (83,9 години) и Грција – Епир (83,8 години).