Петков се слушна со Шолц, разговарале и за С. Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков имал телефонски разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц и прито разговарале за интеграцијата на Западен Балкан во Европска Унија и соработката со Северна Македонија, за суспензијата на рускиот гас од страна на „Газпром“, но и за Бугарија и за посетата на Украина.

„Бугарија е убедена дека иднината на регионот е во семејството на ЕУ“ – нагласил Петков.

Тој го информирал Шолц и за помошта што Бугарија може да и ја пружи на Украина за поправка на нејзината воена опрема.

Петков и Шолц разговарале и за енергетската безбедност во Европа, вклучително и мерките што земјите од ЕУ ги преземаат за обезбедување на снабдувањето со гас.