![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2023/03/berisa-750x430.png)
Бериша: Главниот архитект на триумфот на Трамп ќе ја води кампањата на опозицијата за победа на 11 мај
Изборната кампања на обединетата албанска опозиција, предвоена од Демократската партија, ќе ја води Крис Ла Сивита, претседателот на американскиот Републикански национален комитет.
Изборната кампања на обединетата албанска опозиција, предвоена од Демократската партија, ќе ја води Крис Ла Сивита, претседателот на американскиот Републикански национален комитет.
-Главниот архитект на триумфот на Трамп ќе ја води кампањата на ДП и обединетата опозиција, за победа на изборите на 11 мај. Денеска е голем ден не само за ДП и албанската опозиција, туку и за Албанија и нејзината иднина. Еве ме пред вас со Крис Ла Сивита, коархитектот на најмоќната, најнеобичната кампања за враќање на слободното право на глас во целата човечка историја, враќањето на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа, рече Бериша на прес-конференција.
Додаде дека Крис Ла Сивита и Сузи Вајлс „беа ко претседавачи на нај нерамноправната кампања во историјата на американската нација“.
-Тие беа соочени со гигантската пропагандна машина на измами, манипулација и цензура на главните медиуми и најважните анкети во земјата, но речиси на целата планета, вклучително и напорите да се утврди исходот од американските избори преку терористички методи. Но, и покрај сето ова, овој тим успеа да му помогне на претседателот Трамп да ги освои срцата на огромното мнозинство американски граѓани и да постигне една од најспектакуларните победи во историјата на претседателските избори во САД, посочи Бериша.
Крис Ла Сивита беше висок советник и менаџер на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2024 година, играјќи клучна улога во обликувањето на стратегијата за една од најследената претседателска трка во светот.
На прес-конференцијата, беа и лидерот на Републиканската партија, Фатмир Медиу, на Партијата за заштита на човековите права (партија на Грците) Вангел Дуле, како и Теди Блуши, генерален секретар на Партијата на слободата, чиј лидер Илир Мета е во затворски притвор.