Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок ќе се набават уште два лека
Повеќето од лековите на Онкологија се стигнати, фали уште еден лек чија набавка е во тек, но, има проблем со дистрибутерот. Уште еден лек, најверојатно до крајот на оваа недела. Се надевам дека двата лека ќе стигнат го крајот на оваа недела, за едниот зависи од дистрибутерот. Друго, сѐ има на клиниката, истакна попладнево директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, Игор Стојковски.

– Пациентите да бидат спокојни, со оглед на сите напори што ги правиме на клиниката за зголемување на буџетот и обезбедување на следливост на терапијата, се надеваме дека ќе нема проблеми со недостаток во иднина. Пораката што ја упатив денеска е дека треба да работиме заедно со здруженијата на пациентите, за подобрување на пристапот до сите тераписки модалитети и посебен акцент да ставиме на превенцијата и раната детекција на канцерот, истакна тој.
Директорот рече дека бројот на новорегистрирани пациенти во принцип се зголемува. Тој подвлече дека превенцијата, подразбира здрава исхрана и физички активности, рана детекција.
Стојковски изрази надеж дека надлежните што побрзо ќе обезбедат и нови вработувања бидејќи само во последните две години, имало помалку околу 20 вработени, поради заминувања во пензија и спогодбени откази.