Синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до Пандов

– Изминативе неколку дена имаше јавни линчувања кон припадниците на затворска Полиција од јавни личности носители на функција пренесено од медиуми. Со дадените изјави за сегашната состојба во одредени затвори се поставува прашањето дали воопшто претходник (директор на УИС) Ви ги пренесе, укажа и објасни состојбите во затворскиот систем ???”. Со ова Отворено писмо до Вас и јавноста, а в.в. со случувањата во КПУ Затвор Скопје од страна на Синдикат на Затворска Полиција и администрација на Македонија ќе Ви одговоривме со: „ДАЛИ ЗНАЕТЕ ???”. Дали знаете кој е оптимално потребен број на припадници на Затворска полиција во Затвор Скопјe за вршење на тековни активности, стои во писмото.

Синдикатот на затворската полиција и администрација при Независниот синдикат на држава администрација денеска упати отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов како реакција на, како што наведуваат јавните линчувања кон припадници на затворската полиција со укажување на проблемите со кои се соочуваат и на потребата од подобрување на правата на вработените и состојбите во затворскиот систем.

– Изминативе неколку дена имаше јавни линчувања кон припадниците на затворска Полиција од јавни личности носители на функција пренесено од медиуми. Со дадените изјави за сегашната состојба во одредени затвори се поставува прашањето дали воопшто претходник (директор на УИС) Ви ги пренесе, укажа и објасни состојбите во затворскиот систем ???”. Со ова Отворено писмо до Вас и јавноста, а в.в. со случувањата во КПУ Затвор Скопје од страна на Синдикат на Затворска Полиција и администрација на Македонија ќе Ви одговоривме со: „ДАЛИ ЗНАЕТЕ ???”. Дали знаете кој е оптимално потребен број на припадници на Затворска полиција во Затвор Скопјe за вршење на тековни активности, стои во писмото.

При тоа од овој синдикат ги наведуваат и другите бројни проблеми со кои се соочуваат во извршувањето на нивната работа во однос на условите на работа и заканите по нивната безбедност на кои што се изложени од, како што велат, одредени криминални групи надвор од работното место.

– Дали знаете колку има опожарени возила на припадници на Затворска полиција? Дали знаете дека се фрлаа бомби во куќа на директор на Затвор? Дали знаете дека има постојани закани кон Затворска полиција? Дали знаете дека после работа одредени криминални групи ги пресретнуваат Затворските полицајци и физички се малтретирани?, прашуваат од Синдикатот на затворската полиција

Тие прашуваат и дали директорот на УИС, е запознаен кога имаат последен пат земено комплет службена униформа, дека некои припадници немаат задолжено средства за присилба (средства за врзување лисици, гумена палка, пепер спреј-солзавец…), дека речиси да нема држава каде што не се употребува електричен пиштол, и дека нема набавено ниедна „боди-камера” која е законска обврска и дел од опремата?

Се наведува и проблемот со обуката на вработените за употреба на боречки вештини, дека има припадници кои над 20 години не се обучени и упатени на гаѓање, дека немаат соодветни возила за транспорт на притворени и осудени лица 2, немаат посебна просторија при арестанско сместување во болница.

– Дали знаете колку припадници имаат напуштено и ќе напуштат работа бидејќи е неиздржливо да се работи во Затвор Скопје и Идризово. Дали знаете веќе не е проблем платата за напуштање од работа туку отсуство на лична безбедност, еден извршител на повеќе работни позиции во исто време. Дали знаете по било каква промена на Закон за извршување на санкции или некој Правилник треба затворските работници да го применуваат, а не лица кои се во работната група (професори, судии, лица кои воопшто не работеле во затвор), се посочува во отвореното писмо.

Потсетуваат дека на првиот состанок со директорот на Управата за извршување санкции во јули 2024 година, му укажале дека недостасуваат полицајци, но и изразуваат подготвеност заеднички да се справат со девијантните однесувања кај нивни припадници.

– Како Синдикат на затворска полиција и администрација на Македонија имаме уште многу забелешки кои и понатаму ќе Ви ги укажуваме со цел подобрување на правата на вработените и состојбите во затворскиот систем, но прифаќаме, заедно ќе се бориме за секое девијантно однесување на било кој, стои во отвореното писмо од Синдикатот на затворската полиција.