Српската премиерка – Ана Брнабиќ вели дека американските претставници кои неодамна го посетија Белград не и поставиле ултиматуми на Србија во врска со воведувањето санкции против Русија.
„Тоа го немам слушнато од 2017 година кога станав премиерка. Ние и САД имаме различни ставови за санкциите против Русија, а за тоа прашаа и американските сенатори и Карен Донфрид (помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија), а нашиот одговор е принципиелен и во согласност со најдобрите интереси на нашата земја, народ и економија“ – изјави Брнабиќ.
Таа оцени дека честите посети на американски претставници на Србија го покажуваат поголемото присуство на САД на Западен Балкан и нивниот страв дека каква било криза од Источна Европа ќе се прелее и во регионот.