(Видео) Трилинг најава: Што не очекува – Економско заздравување или должничко ропство?
Соговорници во новото издание на магазинот „Трилинг“ се Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори и Маја Бојаџиевска, универзитетска професорка и добитничка на државната награда „Климент Охридски“.
„Се што гледате како економски раст а почнува на три, на два, на еден, сметајте дека е нула. Значи за македонскава економија такви стапки на раст воопшто немаат некакво влијание. За жал македонската економија во сите овие години наназад има најниски стапки на раст во однос на сите останати земји во нашето соседство. Ако продолжиме со ова темпо да не не зачудува дека можеме да дојдеме во ситуација да останеме и без храна или од ден на ден количните на наша домашна произведена храна се намалува.
– Немојте да го очекувате криминалот од некој мал трговец, криминалот и корупцијата се случуваат на највисоките позиции, изјави во магазинот „Трилинг“, Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори.
„Расипани се критериумите. Кога велам корупција воопшто не мислам на она што стандардно се подразбира – давање пари и земање пари – директно од точка А до точка Б, туку мислам на пореметеност на расипаност на критериумите. Почнаа некои реформи про-форма, површни од ужасно-клиентелистички позиции. Во тоа време беше министер Никола Тодоров, во владата на Груевски и мислам дека тука беше почетокот на крајот на македонското образование, вели за „Трилинг“, Маја Бојаџиевска, универзитетска професорка и добитничка на државната награда „Климент Охридски“.
Соговорници во новото издание на магазинот „Трилинг“ се Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори и Маја Бојаџиевска, универзитетска професорка и добитничка на државната награда „Климент Охридски“.
Гледајте го новото издание на магазинот „Трилинг“ со Горазд Чомовски вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk