Кос: Ако го споредиме со процесот на Македонија, тогаш Украина ќе стане членка на ЕУ во 2045 година

„Ако го споредиме со Северна Македонија, која е кандидат, објасни Кос, ако работите се одвиваат со таа брзина, Украина ќе стане членка на ЕУ во 2045 година“.

Европската унија е заедница која за многу земји е место на кое сакаат да припаѓаат, но има и многу автократски системи или земји кои би сакале Европа да пропадне и наша одговорност е тоа да не го дозволиме, рече еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Во дебатата на Светскиот економски форум во Давос, таа посочи на проценките дека околу 50 отсто од земјите-членки на Обединетите нации се недемократски, нагласувајќи дека тоа е факт што мора да се земе предвид кога се разговара за проширувањето.

Говорејќи за Украина, Кос рече дека ова е првпат ЕУ да преговара со земја во војна, што таа го оцени како напорна работа, што бара процесот да се заврши два до три пати побрзо од вообичаениот.

„Ако го споредиме со Северна Македонија, која е кандидат, објасни Кос, ако работите се одвиваат со таа брзина, Украина ќе стане членка на ЕУ во 2045 година“.

Кос рече дека процесот на пристапување во ЕУ е трансформативен процес во кој преку постепена интеграција им се овозможува на кандидатите да бидат дел од единствениот пазар.

„Денеска е поинаку, кога Словенија и Хрватска станаа дел од ЕУ, не се зборуваше за мир и слобода, а сега во овој круг на пристапување се чини дека се враќаме на основите, на корените поради кои е формирана ЕУ. Повторно се занимаваме со проблемите на мирот, слободата, просперитетот и, би додала, безбедноста“, нагласи Кос.

Таа предупреди дека и во ЕУ има земји членки кои не ги следат вредностите на владеењето на правото.

Кос рече дека полското и данското претседателство би можеле да бидат најдобрите 20 меѓувладини конференции за отворање и затворање поглавја, доколку тоа го дозволат земјите-членки.

„Ако ја доведеме Украина до крајот на процесот и нема „зелено светло“ – тоа доволно зборува за нашиот кредибилитет. Сè околу нас се смени, не зборувавме за потребата од мир кога се приклучуваше Хрватска, повтори таа.

Кос рече дека процесот на проширување е процес заснован на заслуги, а не временска трка.