Отец Милан Ѓорѓевиќ: Луѓето имаат различни стравови, зад сите стојат неодговорени прашања

„Празниците да не се поминуваат на секуларен начин, туку на религиозен начин. Во црквата има света тајна исповед, едно е психотерапијата, а друго е исповедта, тука човекот застанува пред бога, ја отвора душата, срцето“ – вели отец Милан Ѓорѓевиќ во најновото велигденско издание на Трилинг

Ѓорѓевиќ рече и дека „векови наназад православната црква е темел на идентитетот на сопствениот народ. Луѓето имаат најразлични стравови, зад сите нив стојат неодговорени прашања“.