Роналдо за поддршката од фановите на Ливерпул: Ти благодарам „Енфилд“!

Португалската ѕвезда – Кристијано Роналдо не беше во составот на „црвените ѓаволи“ во дербито против Ливерпул. Поради семејната трагедија и смртта на новородениот син, асот на Јунајтед не беше на „Енфилд“, а избраниците на Ралф Рангник беа декласирани од пулените на Јирген Клоп со 4-0.

Сепак, иако Ливерпул и Манчестер Јунајтед можеби се најомразени ривали на теренот, фановите на „црвените“ покажаа огромна солидарност на почетокот на дербито.

Во седмата минута од мечот (Роналдо го носи дресот со број 7 во Манчестер) му искажаа гласна поддршка на Португалецот.

Громогласниот аплауз никого не остави рамнодушен, па следуваше и благодарност од популарниот CR7.

„Еден свет, еден спорт, една фамилија…Tи благодарам Енфилд. Јас и моето семејство никогаш нема да го заборавиме овој момент, полн со почит и сочувство“ – напиша Роналдо на Инстаграм.

https://www.instagram.com/reel/CcnAKiZjQn8/?utm_source=ig_web_button_share_sheet