Вучевиќ: Владата на Србија во рекорден рок објави 195 документи, вчера имало 40.000 посети на веб-страницата
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека Владата на Србија на веб-страницата во рекордно време објавила 195 документи на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура кои се однесуваат и имаат врска со Железничката станица во Нови Сад, со повеќе од 4.000 страници.

– Вчера имавме околу 40.000 посети на веб-страницата на Владата на Србија, што е најголем број посети досега, рече Вучевиќ во гостувањето на ТВ Прва, додавајќи дека документацијата е и во Обвинителството.
Вучевиќ изјави дека се исполнети сите услови кои студентите ги презентираа, од тоа дека со одлука на Владата на Србија се издвоени 20 отсто повеќе буџетски средства за материјалните трошоци на факултетите, до тоа дека во тек е процес за утврдување на кривично-правна одговорност.
– Обвинителството соопшти дека сослушало повеќе од 100 лица и дека 10 се во притвор. Имате оставки на двајца министри, имате објавување на 195 документи, имате 20 отсто поголема распределба за факултетите. Би рекол дека се што беше побарано е исполнето, освен ако тоа не се суштински барања, туку политички промени без избори, рече Вучевиќ и додаде дека неколку лица се амнестирани и пуштени да се бранат од слобода.
– Се што беше дефинирано како барања на студентите од тој дел, овде е два или три проценти од студентите во блокади, и сега ќе видиме дека тоа не биле барања, дека сакаат преодна влада и оставка на претседателот, бидејќи водачите се инструирани од оние што го организираат тоа, изјави Вучевиќ.