Ристески: Преку 1.000 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка

Се е подготвено за утрешниот старт на мерката новогодишна кошничка која треба на граѓаните да им донесе производи со пониски цени од минимум 10 проценти, уверува Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд. Бројката на производи кои влегуваат во „Новогодишната кошничка“ се очекува да достигне дури 1000.

Се е подготвено за утрешниот старт на мерката новогодишна кошничка која треба на граѓаните да им донесе производи со пониски цени од минимум 10 проценти, уверува Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд. Бројката на производи кои влегуваат во „Новогодишната кошничка“ се очекува да достигне дури 1000.

– Со почетокот на мерката „Новогодишна кошничка“ очекуваме бројот на производи да достигне преку 1000. Оваа општествено одговорна акција произлезе од компаниите и маркетите, а ние како Министерство и Влада ја поддржавме. Опфатени се преку 80 компании, изјави Ристески денеска во Прилеп.

Тој ги повика граѓаните и синдикатите и тие со инспекторатот да вршат своевиден мониторинг на цените на производите и да ја пријават секоја неправилност.

-Ги повикувам граѓаните, синдикатите заедно со пазарниот инспекторат кој ќе биде постојано на терен, да следат и да се уверат дека производите во кошничката се намалени најмалку 10 проценти од најниската цена од претходниот месец пред да започне акцијата. Така што, не верувам дека има некои изигрувања, зашто компаниите и маркетите ја понудија оваа акција и не верувам дека самите ќе ја изиграат.

Во новогодината кошничка се опфатени месо и месни производи, млеко и млечни производи, алкохолни и безалкохолни пијалаци, риба, пекарски прооизводи, тестенини, кондиторски производи, овошје, зеленчук. Овие производи опфатени со мерката ќе се продаваат на преку 300 пунктови во сите градови во земјава.

-Очекуваме овие новогодишни празници граѓаните да ги поминат со пониски цени и да заштедат во домашниот буџет, вели тој.

Ристески објаснува дека од кошничката се изоставени маслото шеќерот, кафето и какаото за да не им се направеле големи штети на компаниите.

-Овие производи не ги ставивме во мерката зашто не сакавме да им наштетиме на компаниите кои зависат од домашниот пазар, но и од цените на суровините на светските берзи, кои во моментов се многу зголемени. Но, има и одговорни компании кои и на овие изземени производи дадоа одредени попусти, нагласува заменик министерот.

Мерката ќе трае од 15 декември до 15 јануари.