Ако Трамп воведе царини за Канада, Онтарио ќе воведе санкции за извоз на електрична енергија

Онтарио, најнаселената провинција во Канада, би можела да забрани увоз на алкохол произведен во САД и да го ограничи извозот на електрична енергија и критични суровини за електрични батерии во американските сојузни држави Мичиген, Њујорк и Минесота, доколку новоизбраниот претседател Доналд Трамп воведе царини за сите канадски производи, изјави синоќа висок функционер на Онтарио.

Претставникот, кој работи во владата на премиерот на Онтарио, Даг Форд, рече дека се разгледува забрана на Одборот за контрола на алкохол во Онтарио да увезува американски алкохол.

-Онтарио, исто така, разгледува опции за ограничувања на извозот на критичните минерали потребни за производство на батерии за електрични возила, како и спречување на американските компании да учествуваат во владините набавки во канадската провинција, изјави владиниот претставник.

Форд синоќа потврди дека Онтарио размислува за ограничување на извозот на електрична енергија во соседните американски држави Мичиген, Њујорк и Минесота.

-Тоа е последно средство. Мислам дека новоизбраниот претседател Трамп не сака тоа да се случи. Не сакам ова да се случи, но мојата работа број еден е да ги заштитам жителите на Онтарио и Канаѓаните како целина…Треба да бидеме подготвени. Треба да бидеме подготвени за борба. Оваа борба доаѓа 100 проценти на 20 или 21 јануари, рече Форд.