Европската Комисија со кус коментар за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.
На барање на државната Македонска новинска агенција Европската Комисија за посетата на бугарската владина на овој клуб со контроверзно име во Битола и за изјавите за нова блокада на ЕУ процесот испратила кус коментар за името на клубот, но без осуда.
„Од блиску ги следиме настаните, како и одговорите на настаните. Свесни сме дека отворањето на бугарскиот културен клуб во Битола именуван по фигура која е перципирана како високо контроверзна во Северна Македонија, предизвика силни реакции кај граѓаните“ се вели во писмениот одговор на ЕК.
Комисијата додава дека „почитувањето на човечкото достоинство, владеењето на правото и почитувањети на човековите права се темелни вредности врз кои е изградена ЕУ“.
Во реакцијата повторно се охрабруваат двете страни да изнајдат заеднички прифатливо решение за билатералните прашања и се потенцира важноста на добрососедските односи.