Во Србија продолжува блокада на факултети, од утре на блокади и средношколци

Во Србија продолжува блокадата на факултетите и досега според локални медиуми во блокада се речиси 40 високообразовни институции, а денеска за првпат блокада најавија и средношколци, јави Бета.

Во Србија продолжува блокадата на факултетите и досега според локални медиуми во блокада се речиси 40 високообразовни институции, а денеска за првпат блокада најавија и средношколци, јави Бета.

Студентите на Природно-математичкиот факултет во Крагуевац денеска во 11:52 часот ќе им оддадат почит на настраданите од падот на настрешницата во Нови Сад, по што најверојатно ќе го блокираат тој факултет.

На Универзитетот во Крагуевац, Ректоратот и Факултетот за технички науки се во студентска блокада.

Учениците од Првата крагуевачка гимназија најавија дека од четврток, 12 декември во 17 часот, влегуваат во блокада.

Тие ги повикаа сите средни училишта да им се придружат во, како што наведоа, „борбата за нашата иднина“.

„Се подразбира дека целта на целосното прекинување на наставата во училиштето од страна на средношколците е да се изврши притисок врз администрацијата или надлежните институции за да се одговори на барањата на младите“, се наведува на страницата на Инстаграм посветена на блокадата на тоа училиште, пренесе Бета објава на локални медиуми во Крагуевац.

Како што понатаму наведуваат средношколците во своите објави, мирната блокада се смета за легален облик на протест, доколку не вклучува насилство, закани и вандализам и додаваат „Ја затвораме вратата за да ја отвориме иднината“.