„Сибирската мачка“ – Марија Шарапова ќе стане мајка!
Поранешната број 1 тенисерка во светот – Марија Шарапова објави дека е бремена и дека наскоро ќе стане мајка.
Русинката популарна со прекарот „Сибирската мачка“ е во брак со британскиот бизнисмен Александар Гилкс, во врска се од 2018 година.
Шарапова ја објави радосната вест на својот 35-ти роденден со фотографија од плажа, а нејзините фанови ја „преплавија“ со илјадници коментари и емотикони во вид на срце.
„Блескав почеток. Секогаш ми било специјалност да јадам торта за двајца“, напиша Шарапова.
Шарапова иако веќе подолг период прекина со префесионалниот сè уште е една од највлијателните светски спортистки.
Нејзината победа во финалето на Вимблдон, во 2004 година, кога како 17-годишно девојче ја декласираше Серена Вилијамс со 6:1 и 6:4, е рангирана како една од највпечатливите победи во историјата на светскиот спорт.