Дмитро Кулеба – министерот за надворешни работи на Украина рече дека оние кои денеска не и помагаат на неговата земја, и помагаат на Русија. Кулеба коментира дека е задоволен од средбите со министерката за надворешни работи на Бугарија – Теодора Генчовска, со премиерот Петков и со претседателот Радев.
Кулеба повика да се прекине со флоскулата за војна меѓу двата братски словенски народи и рече дека ако Киев е пријател со Москва, тогаш тие се како Каин и Авел.
Според Кулеба, Бугарија направила многу за евроинтеграциите и за бегалците од Украина.
„Оние кои се двоумат и зборуваат против помагањето на Украина со оружје против Русија, ја поддржуваат де факто руската агресија и убивањето на нејзините граѓани“ смета тој.