Мишел во Бородјанка: Историјата нема да ги заборави воените злосторства извршени овде!

Шарл Мишел – претседателот на Европскиот совет кој денеска пристигна во ненајавена посета на Украина, ја посети и Бородјанка.

„Во Бородјанка. Како во Буча и премногу други градови во Украина. Историјата нема да ги заборави воените злосторства што беа извршени овде. Не може да има мир без правда“ – напиша Мишел на Твитер.

Тој утрово на социјалната мрежа напиша дека пристигнал во Киев, „во срцето на слободна и демократска Европа“.

Претходно овој месец и претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, исто така, го посети украинскиот главен град.