„Франција ќе поддржи целосно ембарго на нафта и гас за Руската Федерација“ рече претседателот на Франција – Емануел Макрон во тв интервју.
Тој ги негираше информациите дека на негова иницијатива е одложено прашањето за руското ембарго за нафта до крајот на француските претседателски избори и потсети на неговиот став дека Европејците треба да престанат да купуваат нафта и гас од Русија за да ја „ослабат способноста на Москва „за финансирање на војната.
„Франција не зависи од испораките на руски гас, така што друга земја го блокира ембаргото“ – додаде Макрон.
Претходно рече дека немал никакви разговори со рускиот претседател Владимир Путин од откритијата за масакрот во Буча.
„По масакрите што ги затекнавме во Буча и другите градови, војната доби поинаков тек, па оттогаш не сум разговарал директно со него, но не исклучувам дека тоа ќе го направам во иднина“ – смета Макрон.