Три нови градинки во Кисела Вода, згрижување на околу 400 деца
Три нови градинки во скопската општина Кисела Вода кои ќе обезбедат место за згрижување на околу 400 дечиња.
Едната во Усје е во фаза на подготвителни активност за отворање, градба, во населбата Расадник се работи на проект за изградба на сосема нов објект кој ќе биде во рамките на постојната, ЈДГ „8 Март“, а пуштена во функција е нова градинка во Драчево, „Пеперутка 3“, информираат од Општина Кисела Вода.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во градежните активности во Усје, каде течат подготвителни активности за адаптација со пренамена на објектот.
„Убаво е кога се гледа дека општината расте и се подмладува, за што сведочат и бројните побарувања за упис на дечиња во градинките и тоа е нешто што треба сите да не радува. Сепак, сите сме свесни за преполнетите листи за чекање и преоптоварените постоечки градинки, но како што им ветив на моите сограѓани, овој проблем ќе го надминеме уште во првата година од мојот мандат. Денеска го посетив Усје, каде веќе се одвиваат подготвителните активности за отворање на нова градинка, преку адаптација со пренамена на објектот. Тука ќе се згрижат околу 70 деца, пред се, од овој дел на градот, односно од населбите Усје, Стаклара и Градинар“ – изјави градоначалникот.
Тој додаде дека во населбата Расадник се работи на проект за изградба на сосема нов објект кој ќе биде во рамките на постојната, ЈДГ „8 Март”.