Пендаровски „извади нерешено“ со светскиот бодибилдинг шампион

Македонскиот претседател – Стево Пендаровски денеска во својот кабинет го прими светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижанек.

Притоа Пендаровски имаше можност да ги одмери силите со Словакот во дисциплината „туркање на рака“.

„Нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижанек од Словачка. Имав можност да го сретнам за време на неговиот престој во Скопје, како почесен гостин на Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија, во рамки на меѓународниот натпревар во бодибилдинг“ – стои во објавата на претседателот Пендаровски на неговите официјални профили на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/reel/CcfQYSaIUOS/?utm_source=ig_web_copy_link