Претседателот на Србија – Александар Вучиќ вели дека релациите помеѓу нашата земја и Србија се на највисоко ниво.
„Ние сме најголеми пријатели на Северна Македонија, и не бараме од нив ништо за возврат, сем да бидеме пријатели и браќа – изјави Вучиќ.
Оваа изјава на Вучиќ доаѓа откако анкета на „Имиџ опсерваторија“ покажа дека нашите граѓани сметаат дека најголем пријател на земјава е токму Србија.
Дури 39 отсто од испитаниците истакнале дека Србија е прв избор како најголем пријател на нашата земјата, додека на второто место е наоѓа САД со 17 отсто позитивени одговори.