Марин Ле Пен – кандидатката за претседател на Франција заедно со нејзините блиски е обвинета од Европската канцеларија за борба против измами дека проневериле околу 600.000 евра европски пари за време на нивниот мандат како европратеници.
Обвинетието доаѓа според новиот извештај објавен во саботата од Медијапар.
„Изненаден сум од силниот тајминг за откритието и неговата инструментализација“ – реагирал Родолф Боселу, адвокатот на Ле Пен.
Боселу, исто така, вели дека е „запрепастен од начинот на кој дејствува Олаф“ (Европска канцеларија за борба против измами) и за некои „стари факти од повеќе од десет години“.
„Марин Ле Пен не е повикана од ниту еден француски судски орган“ – рече тој.
Олаф ја осомничи Ле Пен, како и уште тројца поранешни европратеници – нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен, нејзиниот поранешен придружник Луис Алиот и Бруно Голниш, член на националното биро на РН и ЕНЛ дека проневериле околу 600.000 евра, за кои им препорачува враќање.