На велигденската миса во Ватикан, папата Франциск ја осуди „бруталноста на војната во Украина“.
Италијанскиот кардинал Џовани Батиста Ре го замени Папата за време на богослужбата, во чии рамки се одржа поворка во централниот кораб на базиликата „Свети Петар“ во речиси целосен мрак.
Папата седеше под главниот цибориум на базиликата, но стоеше додека се читаше евангелието.
Светиот Отец зборуваше за „мракот на војната и суровоста“.
„Сите се молиме за вас и со вас. Се молиме затоа што има толку многу страдања. Можеме само да ви го дадеме нашето друштво, нашите молитви и да ви кажеме: „бидете храбри, ние сме со вас“, рече папата Франциск.
Заврши со зборовите „Христос воскресна“ на украински.
Денеска на Велигден, најважниот ден во христијанскиот литургиски календар, по двегодишна пауза поради пандемијата, Папата треба да служи миса на плоштадот „Свети Петар“, а потоа да ја пренесе својата порака и благослов.