Актуелниот француски претседател – Емануел Макрон на единствениот предизборен митинг пред вториот круг на претседателските избори рече дека неговиот „иден премиер ќе биде директно одговорен за еколошкото планирање“. Макрон не криеше дека има намера да и се обрати на левицата.
„Сите ќе мора да го земат своето учество во оваа заедничка иднина, што мораме да ја изградиме“ – рече Макрон.
Ставајќи ја „екологијата во срцето на новата политичка парадигма“, тој најави дека неговиот „следен премиер ќе биде директно одговорен за еколошкото планирање“.
„Ова ја покажува важноста што ќе и ја придадеме на оваа борба на векот. Политиката што ќе ја водам во следните пет години ќе биде еколошка. Економијата ќе биде еколошка. Нашите животи ќе бидат еколошки, рече тој, потврдувајќи дека „променливиот дел“ на одредени лидери ќе биде „предмет на еколошките цели“. „Големите газди ќе бидат зелени и еко-одговорни шефови“ – рече Макрон.
Тој гласањето на 24. април го претстави како огромен „референдум за или против“.