Подољак: Многу долго се чека на оружјето што Украина го побара од ЕУ
Михајло Подољак – советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и шеф на преговарачкиот тим на Украина вели дека неговата земја добила оружје од Европа што не го побарала и дека се чека долго тоа да пристигне во земјата.
„Украина, откако побара оружје од Европа, не го доби она што го бараше и пристигнувањето на оружјето трае предолго“ – рече Подољак.
Претходно оваа недела, тој им оддаде почит на војниците кои го бранат опколеното јужно пристаниште Мариупол, но призна дека снемуваат резерви.
„Тие се борат под бомби за секој метар од градот. Ја принудуваат Русија да плати превисока цена“ – рече Подољак.