На покана на Бајден, Христодулидис в среда ќе ја посети Белата куќа

Покана за официјална посета на САД в среда добил кипарскиот претседател Никос Христодулидис од американскиот претседател Џо Бајден, објавија медиумите на Кипар, повикувајќи се на информации објавени во американските медиуми.

Покана за официјална посета на САД в среда добил кипарскиот претседател Никос Христодулидис од американскиот претседател Џо Бајден, објавија медиумите на Кипар, повикувајќи се на информации објавени во американските медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Владини извори за кипарската новинска агенција ЦНА рекле дека во следните часови се очекува да излезат со официјално соопштение.

Медиумите на Кипар пишуваат дека ова ќе биде прва посета на САД на кипарски претседател по 28 години, со оглед на тоа дека последната била во 1996 година кога тогашниот претседател Главкос Клиридис се сретнал со тогашниот американски претседател Бил Клинтон.

Посетата ќе биде на една седмица откако во Никозија се одржа првиот стратешки дијалог меѓу Кипар и САД.